Дома Трансфер зона Во Англија сигурни: Следното лето паѓа рекордниот трансфер на Нејмар

Во Англија сигурни: Следното лето паѓа рекордниот трансфер на Нејмар

Нејмар ова лето стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот откако за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ, но тој рекорд би можел да падне веќе следното лето.

Имено, англиските медиуми најавуваат дека Тотеннхем е спремен да ја продаде својата прва ѕвезда, Хари Кејн и тоа за сума од 220 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Спарси“ по секоја цена сакаат да го сочуваат Дели Али околу кого го градат тимот, а доколку пристигнат „непристојни“ понуди тогаш може да замине Хари Кејн.

Медиумите тврдат дека за Кејн силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, слично како што беше пред неколку години за Герет Бејл.

„Дон Балон“ тврди дека Флорентино Перез нема проблем да плати огромна сума, но не поголема од 150 милиони евра, додека пак за Мурињо приоритет е Антоан Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…