Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Запад: Дербито е на „Билјанини Извори“, Вардар ќе се „вади“ против Велешта!

ВМФЛ – Запад: Дербито е на „Билјанини Извори“, Вардар ќе се „вади“ против Велешта!

Сабота е денот кога во македонскиот фудбал вообичаено се играат средбите од втората лига.

Од 13:00 часот во ВМФЛ-Запад се играат пет натпревари. Дербито е во Охрид каде што лидерот Силекс гостува на второпласираната Воска Спорт. Воска во овој дуел влегува после важната победа против Вардар со која им избега на црвено-црните на +5 на табелата. Силекс е неприкосновен лидер и се уште не знае за пораз, во 12 кола има 11 победи и едно реми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар во претходните два кола играше со Силекс и Воска и доживеа порази, па затоа е третопласиран со 20 бода. Денес ќе се сретнат со Велешта на домашен терен и тоа е меч во кој ќе сакаат враќање на добрите резултати.

Во последните три средби ќе играат Кораби – Беса, Гостивар – Кадино и Тетекс – Охрид. На врвот од табелата Силекс има 34 бода, Воска 25, Вардар 20, Тетекс 17…

Фото: ФК Воска

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…