Дома Фудбал Италија Влаховиќ на врвот: Ова се најплатените фудбалери во Серија А

Влаховиќ на врвот: Ова се најплатените фудбалери во Серија А

Српскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ е најплатениот во Серија А за сезоната 2024/2025 објави магазинот „Calcio e Finanza“ кој најчесто излегува со точни и конкретни бројки за заработката на фудбалерите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На врвот Влаховиќ е со плата од 12 милиони евра нето, па така со сите придонеси Јувентус за голгетерот на Србија троши вкупно 18.9 милиони евра.

Виктор Осимен кој се пресели на позајмица во Галатасарај беше втор на листата, па по неговото заминување тука е Лаутаро Мартинез. Аргентинецот и капитен на Интер добива девет милиони евра како фиксна плата, плус уште два милиони преку одредени бонуси.

Паоло Дибала кој одби 25 милоони евра по сезона во Саудиска Арабија е трет најплатен во Италија со седум милиони евра. Зад Аргентинецот на листата се Маркус Турам и Хакан Чалханоглу. Двајцата добиваат по 6.5 милиони евра, колку што ќе изнесува и платата на Ромелу Лукаку кој неодамна пристигна во Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо бара наследник на Модриќ и инвестира 100 милиони евра

Жозе Мурињо продолжува со активно градење на тимот на Реал Мадрид за сезоната 2026/27. Иак…