Дома Фудбал Италија „Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А со 16 гола (прв е Лаутаро Мартинез со 23).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ален Бокшиќ, легендарниот хрватски напаѓач кој во два наврати ги бранеше боите на Лацио во Италија и на „старата дама“ зборуваше за квалитетот на српскиот репрезентативец.

„Душан е одличен напаѓач и има само 24 години. Покажа квалитет, може да дојде до ниво на Халанд. Никогаш не сум сакал споредби, но во Италија е потешко да се постигнувате голови отколку во Англија. Така беше и во мое време, така е и сега“, изјави Бокшиќ.

Поранешниот напаѓач забележа 34 настапи за црно-белите, постигнувајќи седум гола и додавајќи четири асистенции во сите натпреварувања.

„Напаѓачот секогаш зависи од соиграчите зад него. Имав среќа бидејќи зад мене имав играчи како: Зидан, Југовиќ, Дешан, Конте, а до мене беа Дел Пјеро или Виери. Душан, пак, игра во многу поодбранбен Јувентус, кој се мачи со создавање шанси за гол“, заврши Бокшиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…