Напаѓачот Влатко Стојановски брзо пронајде нов ангажман откако пред неколку дена ја раскина соработката со Шкендија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Повремениот македонски репрезентативец повторно ќе има епизода надвор од границите на нашата држава и тоа во редовите на Септември Софија од Бугарија. Стојановски потпиша договор со бугарскиот клуб и веќе се приклучи на подготовките на тимот.
Во клупската кариера Стојановски настапуваше за Металург, РНК Сплит, Дугопоље, Ренова, Ним, Шамбли, Горица и Шкендија.
Од Шкендија Стојановски замина во есенскиот дел од првенството, а на 14 натпревари постигна два гола. За репрезентацијата на Македонија собра 10 настапи и двапати се запиша во листата на стрелци.