Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски кариерата ќе ја продолжи во Хрватска, тврди „Спортске Новости“.
Од хрватските медиуми пренесуваат дека Стојановски во понеделник ќе пристигне во Горица и официјално ќе стане играч на овој клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За Стојановски ова нема да биде прв ангажман во Хрватска, претходно настапуваше за Сплит, Неретванац и Дугопоље. Во 2018 година се врати во македонскиот фудбал потпишувајќи за Ренова.
Во Франција без поголем учинок го носеше дресот на Шамбли и Ним.
Ќе потсетиме, Стојановски беше дел од македонската репрезентација на Европското првенство и одигра 12 минути во поразот од Холандија.