Дома Фудбал Останато Витсел: Канте има 36 нозе и шест бели дробови

Витсел: Канте има 36 нозе и шест бели дробови

Играчот за врска на белгиската репрезентација, Аксел Витсел се пошегува дека Нголо Канте има „36 нозе и шест бели дробови“.

Неуморниот играч на Челзи ќе го пропушти денешниот дуел против Белгија во Лигата на нации, бидејќи е позитивен на коронавирус.

Според Витсел, отсуството на Канте е добра вест за неговата репрезентација.

„Бензема е повеќе од фудбалер на топ-ново. Против него е навистина многу тешко да се игра. Во составот на Франција има неколку топ фудбалери. Мбапе и Гризман се само едни од нив. Канте нема да игра, што е добро за нас, зошто тој има шест бели дробови и 36 нозе“, се пошегува Витсел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул најде замена за Салах, навивачите не се особено воодушевени од изборот

Ливерпул по заминувањето на Мохамед Салах во Трабзонспор почна потрагата по ново решение в…