Иако во јавноста преовладува мислењето дека поголемите клубови често пати имаат протекции кај судиите, Винисиус Жуниор смета дека арбитрите се против Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вчера Манчестер Сити со пресврт го победи Реал Мадрид на „Бернабеу“ во првиот натпревар од осминафиналето. Конечниот резултат гласеше 1:2, а многу полемики предизвика моментот пред голот на Сити за изедначување. Многумина сметаат дека Габриел Хесус направил фаул над Рамос пред да ја смести топката во мрежата.
Така мисли и Винисиус.
„Не паднавме физички…Габриел Хесус направи фаул пред да го постигне голот. Слично нешто се случи со Марез и мене во првото полувреме, а тогаш имаше фаул. Судијата има ВАР, но воопшто не сакаше да ја погледне снимката. На теренот јас видов дека е фаул, не ми беше потребно да ја гледам снимката“.
„Судиите секогаш вака не третираат тука. Во натпреваротп ротив Леванте жолтиот картон на Рамос поради првиот фаул не е нормален…Дали се суди на наша штета? Да. Ние сме екипа со најмногу титули во ЛШ и домашното првенство. Секогаш ќе биде така“, изјави Винисиус.