Дома Останати Тенис Вимблдон носи нова лидерка, Кербер елиминирана!

Вимблдон носи нова лидерка, Кербер елиминирана!

Шпанската тенисерка Габриња Мугуруса денес ја елиминираше првата носителка на ВТА листата, Анџелик Кербер, а тоа значи дека Германката ќе го изгуби првото место.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шампионката од Ролан Гарос од 2016 година славеше против Кербер во осминафиналето на Вимблдон со 4:6, 6:4, 6:4. После денешниот пораз Кербер, првото место на ВТА листата ќе го препушти на Симона Халеп или Каролина Плишкова.

Мугуруса, финалистката на Вимблдон од 2015 година, во четвртфиналето ќе игра против Русинката, Светлана Кузњецова.

Место во четвртфиналето обезбеди и петкратната шампионка на Вимблдон, Венус Вилијамс, таа во осминафиналето беше подобра од Ана Коњух од Хрватска со 6:3 и 6:2. Венус во четвртфиналето ќе игра против Летонката, Јелена Остапенко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…