Дома Фудбал Англија Вилшер го исмејува Ричарлисон по трансферот во Тотенхем: Таков играч би бил на клупа во Арсенал

Вилшер го исмејува Ричарлисон по трансферот во Тотенхем: Таков играч би бил на клупа во Арсенал

Бразилскиот репрезентативец Ричарлисон денес го засили тимот на Тотенхем.

Тотенхем за Ричарлисон плати сума од 50 милиони евра, а кога ќе се соберат и бонусите таа сума може да достигне и 60 милиони евра. Бразилецот ќе ја засили конкуренцијата во нападот покрај Хари Кејн и Сон Хеуг Мин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Арсенал, Џек Вилшер го исмејуваше Ричарлисон и му порача дека играч како него би седел на клупа во Арсенал.

„Има 25 години, не е стар, но мислам дека допрва треба да го открие својот потенцијал и Конте може да го извлече најдоброто од него. Сепак, убеден сум дека таков играч би седел на клупа во Арсенал“, изјави Вилшер.

Во дресот на Евертон Ричарлисон постигна 53 гола на 152 натпревари, а наскоро би требало да му се придружи и дефанзивецот на Барселона Клемент Ленгле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…