Дома Трансфер зона Вилијан потврди: Останувам во Челзи!

Вилијан потврди: Останувам во Челзи!

Ѕвездата на Челзи, Вилијан категирично потврди дека нема намера да го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Силен интерес за Бразилецот покажуваа Барселона и Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, но Вилијан реши да остане во Челзи.

Офанзивниот играч се чувствува одлично под водство на Маурицио Сари и нема намера да ја промени средината.

„Ми се допаѓа животот овде, семејството е среќно во Лондон, а јас уживам да играм за Челзи. Тука сум веќе пет години и се надевам да останам што е можно повеќе. Овде се е идеално и не сакам да ја менувам средината“, изјави Вилијан.

„Маурицио Сари е многу важен не само за мене туку и за целиот тим. Сега играме убав фудбал. Тој сака да се забавуваме на теренот. Играме прекрасен фудбал и секој играч е среќен“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…