Дома Фудбал Италија Видео: Јувентус со победа и Скудето го испрати Буфон

Видео: Јувентус со победа и Скудето го испрати Буфон

Фудбалерите на Јувентус запишаа победа во натпреварот од последното 38 коло во италијанската Серија А.

Полни беа трибините на „Алијанц“ стадионот за последен пат оваа сеозна, иако натпреварот немаше резултатско значење. Ова беше и последен натпревар за Џанлуиџи Буфон во дресот на Јувентус.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Јувентус во натпреварот во кој се простуваше од својата легенда славеше победа од 2:1 и така ја затвори сезоната во која освои двојна круна.

„Старата дама“ до предност стигна во 49 минута од натпреварот, а стрелец беше Ругани. Само три минути подоцна Миралем Пјаниќ преку мајсторски изведен слободен удар зголеми на 2:0.

Во 63 минута настана вистинска експлозија од емоции на стадионот во Торино. Алегри го замени Буфон. Во тој момент целиот стадион застана да го поздрави легендарниот голман кој го чуваше голот на Јувентус цели 17 години!

Имаше емоции и солзи на сите страни…

Во продолжение Черчи го совлада Пинсољо кој го замени Буфон за конечни 2:1. На пет минути пред крајот на натпреварот Јувентус доби пенал, а прилика да постигне гол на својот последен натпревар доби Стефан Лихштајнер, но искусниот Швајцарец не погоди.

На крајот Јувентус сезоната ја заврши со 95 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…