Дома Тенис ВИДЕО Ѓоковиќ повторно „полуде“ и избрка српски навивач од теренот: „Тргни се одовде“

ВИДЕО Ѓоковиќ повторно „полуде“ и избрка српски навивач од теренот: „Тргни се одовде“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи американскиот тенисер Тејлор Фриц со 6:1, 6:4, 6:4 и се пласираше во полуфиналето по 13-ти пат на УС Опен, а по 47-ми пат на Грен слем турнирите, надминувајќи го претходниот рекордерот Роџер Федерер.

Тоа беше осми меч меѓу 36-годишниот српски тенисер и 25-годишниот Американец, а Фриц се уште е без победа.

Интересна ситуација се случи на крајот од третиот сет кога Американецот го врати брејкот. Откако го загуби својот сервис, Ѓоковиќ се сврте кон трибините и почна да вика по српски навивач, кој довикна „аут“ на топката на Фриц.

Ѓоковиќ збесна и му рече на навивачот да излезе од стадионот. Набрзо обезбедувањето го изведе тој навивач надвор од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Човекот од тимот на Надал ја презема Шпанија: Марк Лопез го наследува Ферер

Марк Лопез треба да ја преземе шпанската Дејвис куп репрезентација од 1 јануари, а неговио…