Дома Фудбал ВИДЕО Феноменалниот Влаховиќ му донесе нова победа на Јувентус

ВИДЕО Феноменалниот Влаховиќ му донесе нова победа на Јувентус

ЈУВЕНТУС не престанува да победува, а Душан Влаховиќ не престанува да постигнува голови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Старата дама славеше на гостувањето кај Лече со резултат 0:3 во 21. коло од италијанската Серија А.

Јувентус со оваа победа скокна на првото место на првенствената табела со еден бод пред Интер, со одигран натпревар повеќе.

За Јувентус оваа победа беше седма по ред во сите официјални натпреварувања, а последниот пораз го доживеа пред нешто помалку од четири месеци.

Првите два гола на натпреварот ги постигна Душан Влаховиќ (во 59. и 68. минута).

Српскиот напаѓач е во неверојатна форма. На последните пет првенствени натпревари постигна шест гола и две асистенции и се искачи на второто место во листата на стрелци во Серија А.

Бразилецот Бремер ја заврши работата за Јувентус со гол во 85. минута од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Переc објави видео со Мурињо во дресот на Реал. Специјалниот: Тоа не сум јас, туку вештачка интелигенција

Жозе Мурињо го контактирал раководството на Бенфика, клуб кој го тренира, за да ги убеди д…