Дома Фудбал Италија (Видео) Трајковски со ХЕТ-ТРИК за Палермо!

(Видео) Трајковски со ХЕТ-ТРИК за Палермо!

Екипата на Палермо во првиот официјален натпревар сезонава во рамките од Купот на Италија славеше со убедливи 5:0, а хет-трик во овој натпревар постигна македонскиот интернационалец, Александар Трајковски.

Палермо играше натпревар против тимот на Виртус, во кој беше апсолутен фаворит, а на крајот и успеа да ја оправда фаворитската улога, свое шоу во овој натпревар имаше Александар Трајковски.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Познато е дека најдобар играч на Палермо минатата сезона беше Илија Несторовски, а сега на стартот на новата сезона се буди и вториот Македонец во тимот од Сицијилија. Трајковски постигна два гола уште во првото полувреме, по што Палермо на полувреме замина со одлична предност, во вториот дел погоди Aлесами, за потоа Трајковски да го постигне и третиот гол на натпревар, конечните 5:0 ги постави Ла Гумина.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницат…