Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Тотенхем разочара, но победи со гол во 91-та минута

ВИДЕО: Тотенхем разочара, но победи со гол во 91-та минута

Во терминот од 16:00 часот во 17-тото коло од Премиер лигата беа одиграни пет натпревари.

Тотенхем се бори за пласман во Лигата на шампионите и со право може да се каже дека денес разочара, но на крајот некако успеа да освои важни три бода против Барнли.

Гостите се држеа добро се до 91-та минута, но тогаш Кристијан Ериксен постигна гол на асистенција на Хари Кејн, па домаќините славеа важна победа и сега Спарсите се на третата позиција со 39 освоени водови.

Најефикасен натпревар се одигра во Вотфорд каде што домаќинот славеше победа од 3:2 против Кардиф. Беше 3:0 за домаќините, но Кардиф успеа да намали на еден гол разлика.

Кристал Палас стигна до важна победа против Лестер (1:0), со ист резултат Њукасл славеше против Хадерсфилд. Два гола беа видени во натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Бурнемоут каде што домаќинот славеше победа од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Добра вест за Реал, Родриго тренираше после шест месеци

Реал Мадрид конечно добија позитивни вести во однос на тимската состојба. По цели шест мес…