Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез беше предмет на потсмевање поради неговата „глума“ во казнетиот простор на Челзи во синоќешниот натпревар на „Стенфорд Бриџ“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Суарез падна како покосен во казнетиот простор откако самиот се сплетка со двете нозе и бараше од судијата да досуди пенал. Тоа се случи само неколку моменти пред Меси да го израмни резултатот на 1:1.
Фановите на Реал Мадрид не пропуштија да се насмеат и на симулацијата на дефанзивецот Самуел Умтити за една друга ситуација од синоќа.