Уште еден сензационален настап на Леброн Џејмс во плеј-офот за најдобра можна завршница на финалето на Истокот во кое ќе гледаме седми натпревар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кливленд на свој паркет славеше со резултат 109:99. Бостон беше подобар само во првата четвтина, за клучната разлика домаќинот да ја направи во втората четвртина (14:3) и од тој момент Кавси не дозволија Бостон да им се приближи на разлика помала од седум поени.
Најзаслужен за победата на Кливленд беше кој друг ако не Леброн Џејмс!
46 PTS, 11 REB, 9 AST and a Game 7 feeling!
LeBron & the @cavs win 109-99 to force winner-take-all game on Sunday!#NBAPlayoffs | #WhateverItTakes pic.twitter.com/cIy6W5NrF7
— NBA (@NBA) May 26, 2018
„Кралот“ за 46 минути на паркетот постигна исто толку поени, додаде 11 скокови и девет асистенции.
Кевин Лав се повреди на стартот, но голема помош Џејмс имаше од расположениот Хил (20 поени), Грин (14) и Ненси (10). Иначе ова беше седми натпревар во овогодинешниот плеј-оф на кој Леброн постигнува повеќе од 40 поени.
Кај Селтикси најдобри беа Тери Розир со 28 поени и Џејлејн Браун со 27 поени, Татум уфрли 15.
Одлучувачкиот натпревар во кој ќе го добиеме шампионот на Истокот и финалистот во НБА се игра во ТД Гарден, каде што Селтикси оваа сезона немаат ниту еден пораз.
Закажан е за ноќта помеѓу недела и понеделник од 02:30 часот.