Фудбалерите на Милан им прирдија уште едно непријатно изненадување на своите фанови отако на домашен терен беа поразени од Аталанта со 2:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако „росонерите“ цели седум дена пред овој натпревар беа во карантин, сепак тоа не помогна, па вечерва доживеаа уште еден срамен пораз.
Тимот од Бергамо стигна до водство во 32-та минута, кога по лошата интервенција на Донарума, поранешниот „росонер“ Брајан Кристанте ја смести топката во мрежата.
Во второто полувреме Милан напаѓаши се обидуваше да го израмни резултатот, но во 70-та минута после една контра Иличиќ погоди за 2:0, што беше и конечен резултат.