Дома Фудбал ВИДЕО Погледнете го голот на Атлетико во 95 минута и ерупција на Метрополитано

ВИДЕО Погледнете го голот на Атлетико во 95 минута и ерупција на Метрополитано

Атлетико и Реал Мадрид одиграа 1:1 во хаотичното дерби од 8. коло на Ла Лига по прекин на натпреварот на околу 15 минути.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Реал поведе во 65. минута со голот на Милитао, а погодокот посебно го прослави Тибо Куртоа кој гестикулираше до домашните навивачи. Најжестоките почнаа да фрлаат кон него запалки, шишиња и сендвичи, по што судијата го прекина натпреварот.

Фудбалерите и тренерот на Атлетико разговараа со навивачите, од кои еден бил подготвен да истрча на теренот, но играчите го смириле. Иако навивачите престанаа да фрлаат предмети, судијата реши да ги испрати играчите во соблекувалната.

Паузата траеше околу 15 минути, по што играчите се вратија на теренот, а навивачите со громогласни свирежи го пречекаа Куртоа. Симеоне уште еднаш со рацете им гестикулираше да се смират и натпреварот продолжи.

Атлетико со сите сили се обидуваше да израмни и успеа во петтата од десет минути судиско продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Шкендија Арачиново нокаутира ривал од Брегалница (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново во Штип заврши нерешено (1-1), но дуелот …