Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Моменти на непријатност на Бејл и уште една ѕвезда на Реал

ВИДЕО: Моменти на непријатност на Бејл и уште една ѕвезда на Реал

Навивачите на Реал Мадрид многу ги боли поразот од Атлетико во пријателскиот натпревар каде што ривалот славеше со нереални 7:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчите на Реал се вратија во Мадрид, а денеска Герет Бејл и Тибо Куртоа доживеаа вистинска непријатност во тренинг кампот. Присутните навивачи не ги пречекаа добро нивните играчи, а најлошо поминаа Велшанецот и Белгиецот кој не се омилени меѓу навивачите на Реал Мадрид.

Бејл веќе некое време е на излезни врати, но никако да си оди, додека Куртоа од своето доаѓање никако не успеа да го оправда статусот на засилување. Инаку, Бејл денеска не тренираше со остатокот од екипата и јасно е дека нема да патува во Минхен каде што Реал ќе настапи на Ауди Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…