Дома Фудбал Италија Видео: Милан се сопна во Џенова!

Видео: Милан се сопна во Џенова!

Екипта на Милан претрпе тежок пораз на гостувањето кај Џенова со 3:0 и тоа само три дена откако го совлада шампионот Јувентус.

Натпреварот започна извонредно по екипата на Џенова и по само 11 минути веќе имаа водство од 1-0, а стрелец на голот беше Нинковиќ, кој со глава прекрасно го реализира центаршутот на Ринкон. Во продолжение на полувремето се играше главно на средината на теренот, со мала надмоќ на гостинските фудбалери, кои не го израмнија резултатот до одморот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме Милан започна офанзивно и беше оштетен од судијата кој не досуди фаул над Локатели во шеснаесетникот, а само неколку минути подоцна „росонерите“ останаа со 10 фудбалери по исклучувањето на Палета.

До крајот на средбата Џенова ја искористи бројчаната предност, со автоголот на Куцка поведе со 2-0 а точка на натпреварот стави Паволети во 86 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…