Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Лацио предводен од Имобиле го разби СПАЛ

ВИДЕО: Лацио предводен од Имобиле го разби СПАЛ

Фудбалерите на Лацио денес на домашен терен го победија СПАЛ со 4:1 во натпревар од 11-тото коло од италијанската Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лацио без поголеми проблеми го победи СПАЛ кој добар отпор пружи само во првиот половина час игра. Римскиот клуб до предност стигна во 26-тата минута кога Имобиле погоди за 1:0. Сепак, гостите изедначија само две минути подоцна преку Антенучи.

Меѓутоа до крајот на првиот дел Лацио успеа да стигне до 2:1 со нов гол на Имобиле.

Во вториот дел Лацио апсолутно го надигра СПАЛ и создаде голем број прилики пред голот на гостите.

Третиот гол го видовме во 59-тата минута кога Каталди постигна убав погодок за 3:1. Уште поубав гол постигна Пароло кој така ги постави конечните 4:1.

https://www.youtube.com/watch?v=VuBjNgd8_gw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…