Дома Фудбал Останато Видео: Иниеста и Виља со тежок пораз го испратија Торес во пензија!

Видео: Иниеста и Виља со тежок пораз го испратија Торес во пензија!

Фернандо Торес денеска во Јапонија го одигра својот последен натпревар и стави крај на богатата кариера.

Легендарниот шпански напаѓач го имаше последниот меч во дресот на јапонскиот клуб Саган Тосу и загуби 1:6 од Висел Кобе на Андрес Иниеста.

За неговата кариера не треба посебно да се трошат зборови. Најславните денови ги помина во Атлетико Мадрид и Ливерпул, од каде направи рекорден трансфер во Челзи.

Иниеста и Давид Виља во секој момент беа покрај Торес и со емотивни прегратки го испратија во пензија својот сонародник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Борнмут со историски натпревар во Европа по поразот од Челси

Борнмут ќе го одигра својот прв европски натпревар на домашен терен против Штурм Грац, по …