Репрезентативецот на Македонија, Арјан Адеми вчера стана рекордер на Динамо Загреб по бројот на одиграни европски натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Победата против Феенорд на гостински терен беше 77. натпревар за Адеми на европска сцена во дресот на „модрите“.
По повод ваквиот успех Динамо денес објави видео со кое му честиташе на Адеми. Инаку, Адеми на листата го прескокна Самир кој беше рекордер со 76 натпревари. Динамо ќе игра во нокаут фазата од Лигата на Европа, па Адеми и дополнително ќе се зацврсти на врвот.