Дома Фудбал (Видео) Арсенал славеше на пенали – Мората и Куртоа „трагичари“!

(Видео) Арсенал славеше на пенали – Мората и Куртоа „трагичари“!

Денес со почеток во 15:00 часот екипите на Арсенал и Челзи го одиграат натпреварот во рамките од Комјунити Шилд купот, 

Стратегот на Челзи можеби изненади со стартниот состав кога на клупата за резерви го остави најскапото засилување, Алваро Мората, предност во нападот доби Батшуаи. Мората во игра влезе во 74 минута токму на местото на Батшуаи, неколку минути подоцна шанса доби и засилувањето од Рома, Антонио Рудигер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од друга страна пак Венгер не се одлучи да започне со Алексис Санчез кој имаше продолжен одмор, па на припремите пстигна нешто пдооцна. Нападот на „топџиите“ го предвоеше Александар Лаказет, заедно со Ивоби и Велбек.

Челзи добро стартуваше, „сините“ поведоа со голот на Виктор Мосес во 46 минута од натпреварот, но работите во надолна линија за „сините“ тргнаа кога во 81 минута црвен картон заработи Педро. Токму од тој слободен удар Џака нафрли, а Колашинац погоди за изедначување на 1:1. 

Бидејќи после истекот на целите 90 минути, резултатот беше 1:1. Тука повеќе скоцентрирани беа фудбалерите на Венгер, кај „топџиите“ погодуваа, Чемберлејн, Волкот, Монреал и Жиру, додека кај Челзи прецизен беше Кејхил, но потоа следуваа промашувања на Тибо Куртоа и Алваро Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…