Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео: Англија броеше до шест, Панама со првенец на СП

Видео: Англија броеше до шест, Панама со првенец на СП

Англија освои ноби три бода откако ја декласираше Панама со високи 6:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Херој на Гордиот Албион беше Хари Кејн кој постигна три гола, два пати ја затресе мрежата дефанзивецот Стоунс, а прекрасен гол постигна и Лингард.

Англија тргна фуриозно и веќе во 10-та минута го отвори резултатот со голот на Стоунс од корнер. Неколку минути подоцна Хари Кејн беше сигурен од белата топка, а во 34- минута најубавиот гол на мечот го постигна Лингард.

До крајот на полувремето уште еднаш погоди Стоунс, а неколку минути подоцна над него беше направен пенал, кој во гол го претвори Хари Кејн.

Во второто полувреме Хари Кејн го комплетираше хет-трикот и изби на првото место на листата стрелци, а на десетина минути пред крајот Панама преку Балој го постигна првиот гол на Светските првенства за радост на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шок за Алкараз: Не игра ниту на Вимблдон!

Вториот носител на светската тениска листа, Карлос Алкараз, објави дека покрај Ролан Гарос…