Дома Фудбал Останато Видал ќе ја тужи Барселона!

Видал ќе ја тужи Барселона!

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал ја тужи екипата на Барселона поради долгови. Како што објавија шпанските медиуми, искусниот фудбалер решил на суд да побара 2,4 милиони евра, кои наводно му припаѓаат според договорот.

Тужбата беше поднесена на петти декември, но од Барселона тврдат дека никаков бонус не требало да добие Видал.

Според неговиот договор со шпанскиот шампион, тој би добил бонус за одредени успеси во 60 одиграни меча. За да се активира бонусот, тој морал да помине барем 45 минути на теренот од секој од натпреварите, но тоа не се случи.

Чилеанецот, од друга страна, тврди дека бонусот го заслужил и поради тоа реши да го тужи клубот, па доколку не му платат, тој ќе замине од Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mбапе кажа кои тројца во овој момент би сакал да може да ги доведе во Реал

Интервјуто кое Килијан Мбапе го даде за мадридскиот AS привлече многу внимание, а француск…