Дома Фудбал Репрезентации Видал кон Кимих: Имаме за што да разговараме!

Видал кон Кимих: Имаме за што да разговараме!

Вчерашното финале од Купот на Конфедерациите беше облежано со судирот на соиграчите од Баерн, Артуро Видал и Џошуа Кимих.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се играше 59 минута од натпреварот кога во конфликт влегоа соиграчите од Баерн, во еден момент дури изгледаше и дека може да дојде и до физичка пресметка. За споменатиот инцидент денес во јавноста проговори Артуро Видал.

„На Кимих му кажав помалку да зборува, а повеќе да игра. Тоа беше сериозна расправија и ќе имаме за што да разговараме, но главите во тој момент ни беа жешки. Не се видовме после натпреварот, но секако тоа ќе се случи на припремите со Баерн за десетина дена. Кимих и јас сеедно ќе останеме и понатаму пријатели“, изјави Видал.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…