Дома Фудбал Останато Веќе се знае: „Златната топка“ оди кај…

Веќе се знае: „Златната топка“ оди кај…

Весникот „Мундо Депортиво“ објави дека Кристиано Роналдо ќе ја освои „Златната топка“ за 2016 година и дека играчот веќе бил информиран за тоа.

Весникот тврди дека за четврток е закажана средба во шпанската престолнина меѓу претставниците на „Франс Фудбал“ и напаѓачот на Реал Мадрид, на која ќе биде снимено интервју со Роналдо и ќе бидат направени слики.

Како што е познато, од оваа година „Златната топка“ повторно се дoделува само од „Франс Фудбал“ а во гласањето учествуваат новинари.

Доделувањето на наградата ќе биде следниот понеделник, а второто место наводно го освои Меси, додека третото место сеуште не се знае точно, а во игра се неколку фудбалери, пред се Гризман и Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА има ново правило, две гостувања веќе не можат да се случат сезонава

Лигата на шампионите влегува во својата трета сезона со новиот формат, носејќи со себе и н…