Дома Фудбал Вечерва четвртфинале во ЛШ – на програмата два мега дуели

Вечерва четвртфинале во ЛШ – на програмата два мега дуели

Натпреварите во кои Арсенал и Баерн се среќаваат во Лондон, а Реал и Манчестер Сити во Мадрид ја отвораат четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите.

Двата меча се играат со почеток од 21 часот, а реваншите и одлуките за полуфиналистите од натпреварувањето се закажани за 17 април.

Сите четири екипи победија во нокаут фазата од елитното европско клупско натпреварување како победници во групи.

Арсенал потоа го победи Порто на пенали и се пласираше меѓу осумте најдобри, Баерн го победи Лацио со вкупни 3:1, Реал го победи РБ Лајпциг со 2:1, а Манчестер Сити двапати го победи Копенхаген по 3:1 за четвртфинале на Лигата на шампионите.

Четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите потоа продолжува со утрешните натпревари во кои се среќаваат Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен – Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олмо може да ја напушти Барселона во јануари: Баерн подготвува изненадувачки потег

Дани Олмо повторно се најде на радарот на еден од најголемите европски клубови. Според инф…