Дома Фудбал Италија Вечерва испратена јасна порака до Вентура: Спиеш ли мирно? (Видео)

Вечерва испратена јасна порака до Вентура: Спиеш ли мирно? (Видео)

Во двомечот помеѓу Италија и Шведска, Лоренцо Инсиње на теренот мина вкупни 14 минути, без оглед на тоа што фудбалерот на Наполи моментално игра најдобро во досегашната кариера.

Сега веќе некогашниот италијански селектор, Џампиеро Вентура во првиот меч во Стокхолм го внесе Инсиње во 76. минута, а во реваншот воопшто не му понуди шанса да игра, иако Италија требаше со сите сили да тргне кон победа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се заврши 0:0, Инсиње остана на клупата, Италија не се пласираше на СП, а Вентура заработи отказ.

За десетина дена по историскиот неуспех на Италијаните, Инсиње прво погоди против Милан во победата од 2:1, а вечерва постигна спектакуларен гол против Шахтјор во ЛШ.

Мајсторијата на Инсиње навистина вреди да се види, а веројатно ја виде и Вентура кој очигледно не знаеше каков играч имаше на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…