Дома Фудбал Италија „Верувам дека казната на Јувентус од -15 бодови ќе биде поништена“

„Верувам дека казната на Јувентус од -15 бодови ќе биде поништена“

Италијанските медиуми најавуваат пресврт во истрагата и наводно големи се шансите во Серија А да му ги врати одземените бодови на Јувентуса.

Како што тие тврделе, процецот против Јувентус бил отворен на 21-ви април ,а обвинителите имаат 60 дена да спроведат истрага. Тоа би значело дека сите документи кои се добиени по 14-ти јули не треба да важат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исто така се тврди и дека е откриена тајна комуникација помеѓу лица од федерацијата со обвинителството што не е дозволено. Во случај да се вратат бодовите на Јувентус „старата дама“ од седмото место би „скокнала“ на второто со ист број на бодови со Интер (50).

За ваквата можност сега се огласи и Пјерлуиџи Матера кој е поранешен заменик генерален обвинител, но и човек кој го напиша кодексот за спортска правда.

„Верувам дека казната на Јувентус од -15 бодови ќе биде укината. Според најновите случувања пресудата за капиталните добивки треба да биде поништена, без понатамошно одлагањње“, изјави Матера за „Тутоспорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кубарси потпишува нов договор со астрономска откупна клаузула

Новото откритие на Барселона, Пау Кубарси наскоро ќе потпише нов договор со клубот со астр…