Дома Топ вести Вернер после лошата сезона прави трансфер на кариерата

Вернер после лошата сезона прави трансфер на кариерата

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен е силно заинтересиран за напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер.

Вернер минатото лето пристигна на „Стенфорд Бриџ“ како големо засилување за 50 милиони евра, но одигра лоша сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Германецот не се снајде најдобро во Премиер лигата и со своите промашувања стана предмет на потсмев, па Челзи е спремен да слушне понуди за него.

25-годишниот Германец исто така сака да ја промени средината, а Баерн сака да ја искористи таквата ситуација.

Левандовски веќе има 32 години и ова најверојатно ќе биде последната негова сезона во Баерн, па Баварците во Вернер гледаат идеална замена.

Вернер одлично се вклопува во играта на Јулијан Нагелсман, па Баерн во наредните денови ќе испрати официјална понуда за напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…