Дома Фудбал Италија Вентура сигурен дека ќе ја однесе Италија на СП

Вентура сигурен дека ќе ја однесе Италија на СП

ventura

Италијанскиот селектор Џанпјеро Вентура е сигурен во своите избраници и вели дека воопшто не помислил на пропуштање на Светското првенство во Русија пред баражот против Шведска.

69-годишниот Вентура, најстариот селектор во историјата на Италија е самоуверен пред баражот со Шведска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е важен момент за мене и мојата кариера, но и за сите играчи бидејќи дел од нив имаат шанса да почнат нов циклус, а другите имаат незавршена работа. Да се биде на Светско првенство е важно за сите, за младите и за ветераните. Во ниту еден момент не помислив дека е можно да не се квалификуваме. Италија секогаш се кревала за вакви предизвици. Видете, има 65.000 продадени билети за Сан Сиро. Италија никогаш не нè напуштила, нема да ја напуштиме ниту ние“, изјави Вентура.

Италија последен пат пропушти едно Светско првенство во далечната 1958 година, а последен пат играше бараж во 1998 година, кога ја совладаа Русија со вкупен резултат од 2:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сензација на „Скај Спорт“: Тен Хаг на клупата на Баерн?!

Во последниот период се редат тренерите кои го одбиваа Баерн, а во таква ситуација клубот …