Дома Фудбал Останато Венгер се враќа набрзо, има четири понуди

Венгер се враќа набрзо, има четири понуди

Бившиот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер се очекува да му се врати на фудбалот следниот месец, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Тајмс“ Венгер има четири понуди, но ниту една од тие не е од клубот од Премиер лигата.

Првата понуда е од Пари Сент Жермен, но таа е за позиција спортски директор. Другата понуда е за селекторска функција, а останатите две се од водечки европски клубови. Не се откриваат имиња, но во последно време Венгер се поврзуваше со клупите на Баерн Минхен, Милан и Реал Мадрид.

Пред извесно време Венгер изјави дека ќе му се врати на фудбалот после Нова година. Англиските медиуми тврдат дека Французинот нема да чека до лето и дека во текот на оваа сезона ќе седне на некоја клупа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во среда го очекува нов предизвик на Вимб…