Дома Фудбал Останато Венгер му одговори на Мурињо: Се однесуваш како во градинка

Венгер му одговори на Мурињо: Се однесуваш како во градинка

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, неодамна ја објави својата автобиографија, во која не го спомена својот голем ривал Жозе Мурињо.

„Специјалниот“ тоа го искоментира во свој стил и изјави дека не го споменал бидејќи Венгер никогаш не го победил во меѓусебните дуели.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не сум во книгата бидејќи никогаш не ме победил. Нема да имаш посебно поглавје за 12 или 14 натпревари во кои не си победил“, изјави Мурињо.

Не се чекаше долго на одговор од страна на Венгер кој имаше што да му каже на Португалецот.

„Не ме интересира. Тоа е постојано провоцирање. Се чувствувам како да сум во градинка со него. Но, тоа е дел од неговата личност. Го победивме двапати. Имаше и многу нерешени резултати“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…