Познатата готвачка Љубица Комлениќ која води грижа за исхраната на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ застана во негова одбрана и покрај бројните критики кои првиот рекет ги доби поради организацијата на „Адрија Тур“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Весникот „Кориере дела Сера“ потсети дека Ѓоковиќ во болницата во Бергамо донираше средства во време во најтешкиот период во пандемијата, а подоцна се откри дека станува збор за сума од милион евра.
„Би сакала да бида позитивна место Новак, но не сум. Се тестирав и негативна сум, така да луѓето кои биле во контакт со мене не треба да се грижат. Ве молам не заборавајте што Новак направи за Италија, посебно за Берграмо и Бреша. Неговата донација беше со искрена намера да помогне. Ве молам не го заборавајте и бидете покрај него. Новак е човек со чиста љубов и верба во Бог. Ние, неговиот тим секогаш ќе бидеме со него“, изјави Комлениќ.