Дома Фудбал Англија Вајналдум негира договор со Барселона

Вајналдум негира договор со Барселона

Играчот за врска на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум ги демантираше информациите дека потпишал преддоговор со Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холанѓанецот е категоричен дека се уште не донел одлука за тоа каде ќе игра следната сезона.

„Медиумите секогаш објавуваат такви работи, па и за мојата иднина. Нема никакви новости. Не ме интересираат шпекулации“, истакна Вајналдум.

Оваа сезона 30-годишниот Вајналдум има одиграно вкупно 40 меча за Ливерпул,  на кои постигна 3 гола.

Неговиот договор со „црвените“ истекува на лето, а покрај Барселона интерес за него покажуваат уште Интер и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште ед…