Жоржињо Вајналдум ова лето како слободен играч го напушти Ливерпул и потпиша за ПСЖ.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот после неколку добри сезони се одлучи да го напушти Ливерпул затоа што сакаше нов предизвик во својата кариера, иако „црвените“ му нудеа нов договор тој ги одби. Вајналдум имаше неколку понуди и во игра беше и Барселона. Дури имаше и договор со каталонскиот клуб и требаше да потпише, но тогаш дојде понудата Париз и се предомисли.




Сега Вајналдум призна дека не е баш најсреќн во ПСЖ.




„Искрено, не ми се допаѓа мојата ситуација во ПСЖ. Не можам да кажам дека сум задоволен или среќен. Загрижувачки е што не играм“, изјави Вајналдум.