Играчот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум за прв шат ги коментираше шпекулациите за интересот на Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Холанѓанецот е во одлични односи со новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман, па медиумите шпекулираа дека Барса силно е заинтересирана за неговите услуги.
Вајналдум изјави дека немало ништо конкретно и потврди дека може да го продолжи договорот со Ливерпул, кој истекува за 10 месеци.
„Немаше ништо сериозно. Во спротивно ќе се случеше нешто поконкретно. Јас сигурно останувам во Ливерпул. Мојот договор е валиден за уште 10 месеци, но тоа може да се промени. Во фудбалот ништо не се знае, ќе видиеме што ќе се случи на крајот на сезоната“, истакна Вајналдум.