Дома Фудбал Останато Вајналдум: Барселона уште ја сметам за најголем клуб, не дојдов во ПСЖ поради пари

Вајналдум: Барселона уште ја сметам за најголем клуб, не дојдов во ПСЖ поради пари

Репрезентативецот на Холандија Џорџино Вајналдум ова лето го напушти Ливерпул и премина во ПСЖ.

Вајналдум како слободен играч се пресели во ПСЖ и потпиша до 2024 година. Сега го објасни својот потег.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Морам да признаам дека ова беше тешка одлука. Од мали нозе навивам за Барселона и се уште ја сметам за најголем клуб. Преговаравме и имав добро чувство, но разговарав и со друго клубови. Со ПСЖ разговарав пред Барселона. Покетино го знам од претходно и тој ме сакаше во клубот, детално ме запозна со проектот и ми објасни како ќе се развива клубот. Проектот веднаш ми се допадна и му кажав дека сум заинтересиран“.

„Од тој момент преговорите беа едноставно. Направија навистина се. Не се работеше за пари затоа што и онака разликата во понудите беше мала. Не дојдов тука поради пари“, изјави Вајналдум.

Покрај Вајналдум ПСЖ ова лето ги доведе Донарума, Рамос, Хакими, а сега се пишува дека следна мета е Пол Побга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…