Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардарци порачаа: Да ја завршиме годината со победа против Кјелце

Вардарци порачаа: Да ја завршиме годината со победа против Кјелце

Вардар во сабота го пречекува Кјелце во последниот дуел во Лигата на шампиони за оваа календарска година.

„Црвено-црните“ се мотивирани бидејќи со победа ќе се искачат на второто место во Групата А, притоа сакаат да се вратат на победите после поразите од Барселона и ремито со Мешков Брест.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не очекува тежок натпревар против тежок противник со одлични ракометари. Играме дома и за нас и за целокупната јавност ќе биде навистина убаво да победиме. Многу сакаме да ја завршиме годината во Лигата на шампионите со победа и се надевам дека ќе успееме да го направиме тоа. Келце е познат по провокации особено нивниот тренер. Се надевам дека нема да подлегнеме на нив. Наше е да излеземе на терен, да дадеме сè од себе и да победиме“м изјави капитенот Стоилов.

„Против Кјелце ќе го одиграме последниот меч за годинава. Тие сезонава играат одлично. Играат многу брз ракомет, добра одбрана и имаат одлични ракометари. Ќе се обидеме да се подготвиме максимално. Најважно за нас е да играме 60 минути добар ракомет. Ако го направиме тоа ќе имаме големи шанси. Нашиот проблем досега беше што имавме 5-10 минути во коишто паѓавме. Мислам дека на никого не му треба посебна мотивација за овој меч. Сакаме да победиме на домашен терен и мечот може да биде многу важен за нас зашто со тие два бода ќе ја освоиме втората позиција“, истакна Парондо.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…