Бранителот на европската круна  во ЕХФ  Лигата на шампионите, РК Вардар ќе биде прва екипа  која ќе пристигне во Келн.  Германскиот град ќе биде викендов центар на ракометните моќници на “стариот континент“  кои ќе се борат за највисокото место на пиедесталот.

Момците на Раул Гонзалез  утре, четврток,  рано наутро  заминуваат  за Германија. Kако што е  најавено од  ЕХФ пристигнувањето во хотелот каде ќе бидат сместени се очекува околу  9:30 часот. Според очекувањата втори  пристигуваат ракометарите на Монпелје околу 18-00 часот. Другите два француски тима ќе пристигнат подоцна во своите пестојувалишта во Келн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…