Вардар денес го игра натпреварот против Веспрем во рамките од Лигата шампионите против Веспрем.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Избраниците на Кокшаров денес не го започнаа најдобро натпревар, а повторно како и во сите натпревари проблем беше одбраната, односно лесно примените голови.


Веспрем веднаш на стартот направи посериозна предност и успеа да поведе со 2:9. Во продолжение Вардар успеа колку толку да ја зацвртси играта па следуваше нешто поизедначен период на игра, меѓутоа никако не успевавме да намалиме на помалку од 5-6 гола разлика.


Посебне енигма за Вардар беше Ненадиќ кој после само 20 минути игра зад своето име постигна 8 гола. (10:16). До крајот тој постигна уште еден па полувремето го заврши со девет гола.
И во последните десет минути работите не се променија многу па Унгарците на полувреме замина со предност од седум разлика 15:22.