Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар казни двајца фудбалери од првиот тим – играле на апарати пред мечот со Охрид!

Вардар казни двајца фудбалери од првиот тим – играле на апарати пред мечот со Охрид!

Екипата на Вардар казни двајца фудбалери од првиот тим на кои не им ги откри имињата.

Црвено-црните преку соопштение на социјалните мрежи ја инфомираа јавноста дека двајца фудбалери од првиот тим се парично казнети, но и во следните 15 дена ќе тренираат со младинските категории.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Фудбалскиот клуб Вардар сака да ја информира јавност дека е поведена дисциплинска постапка против двајца фудбалери од првиот тим поради прекршување на дисциплнискиот статут на клубот пред последниот одигран натпревар на гостувањето во Охрид.Фудбалерите се парично казнети со 3 месечни плати и во следните 15 денови ќе тренираат со младинските категории“, стои во објавеното соопштение.

Според информациите, двајцата фудбалери се казнети затоа што еден ден пред натпреварот го напуштиле хотелот за да играат казино апарати во обложувалница во Охрид.

Порталот на албански јазик „Инфоспорт“ во неделата дојде и до фотографија од двајцата фудбалери.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судењето на македонските фудбалски терени викендов било без грешка!

На натпреварите од 29 коло од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа. Судиска ком…