Дома Топ вести Варан на лето се сели во Манчестер

Варан на лето се сели во Манчестер

Рафаел Варан може да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната и да се пресели во Манчестер Јунајтед, тврдат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дефанзивецот има договор со „кралскиот“ клуб до 2022 година и доколку не стави потпис на нов договор на лето ќе мора да биде продаден.

Манчестер Јунајтед покажува најсериозен интерес за Французинот, а бидејќи влегува во последната година од договорот неговата цена ќе биде 50 милиони евра.

Варан е на „Сантиаго Бернабеу“ веќе 10-та сезона и моментално заработува 6 милиони евра и се уште не може да најде заеднички јазик со Реал за нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…