Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал и главно ја грее клупата за резерви.




Ван де Бек сака да ја промени средината во јануари, а неколку европски клубови покажуваат интерес за него.




Јувентус и Интер ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и сакаат да го донесат играчот на позајмица со право на откуп следното лето.




Плејмејкерот не ја исклучува можноста да се пресели во Серија А, но преферира преселба во Шпанија.