Дома Трансфер зона Ван Де Бек може да биде јануарско засилување за Барселона

Ван Де Бек може да биде јануарско засилување за Барселона

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Дони Ван Де Бек би можел во јануарскиот преоден рок да ја засили Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Холандскиот фудбалер кон крајот на летото 2020 година пристигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување од Ајакс за 40 милиони евра, но веќе повеќе од една година е во втор план кај Оле Гунар Солскјер.

Од стартот на сезоната одигра само три натпревари. Интерес за него покажале неколку клубови, а сега се поврзува со Барселона. Една од причините е што Ван Де Бек има ист агент како и Френки Де Јонг.

Од Холанѓаните летото во Барселона пристигна Мемфис Депај, а поврзан со оваа земја од Бенелукс е и Сержињо Дест кој на крајот сепак се реши да игра за САД. Сепак, веројатно ќе биде почекано да биде промовиран новиот тренер на Барселона, па тогаш би се знаеле повеќе работи, а тоа според сите најави се очекува да биде Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…