Со доаѓањето во Ливерпул и под водство на Јирген Клоп, Вирџил Ван Дајк за кратко време порасна во најдобар дефанзивец во светот.
Изминатите денови се пишуваше за можно продолжување на соработката со Ливерпул, меѓутоа холандскиот дефанзивец изјави дека „ништо не се случува“. Црвените новата сезона од Лигата на Шампионите ја отворија со пораз од Наполи, а по натпреварот Ван Дајк зборуваше за својата иднина.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Ништо не се случува, тоа е тоа. Видов во медиумите дека преговарам нов договор, но тоа не е до мене. Во моментов ништо не преговараме. Сега сум фокусиран на натпреварите и ќе видиме што ќе се случи во иднина“, изјави одличниот стопер.
Дали Ван Дајк со оваа изјава остави можност за заминување од Ливерпул ќе знаеме во следниот период. Сигурно дека 28-годишниот играч би имал место меѓу старните 11 во секој тим и останатите европски гиганти сигурно внимателно го следат развојот на ситуацијата.